Англискиот фудбалски премиерлигаш Њукасл сака летово да го врати на Островот, напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл. Според „Марка”, англискиот клуб, кој ќе има нов сопственик од Саудиска Арабија, е подготвен да плати 60 милиони евра за 30-годишниот Велшанец.
Договорот на Бејл со Реал истекува летото 2022 година.
„Трансфермаркет”, го проценува Бејл на 40 милиони евра. Оваа сезона, Велшанецот одигра 17 натпревари, постигна два гола и направи две асистенции.