(Видео) Десетина пожарникари го гаснеа запалениот автобус под Железничка

Во гаснењето на приватниот автобус од јавниот превоз во Скопје утрово кај Железничката станица интервенираа  десетина пожарникари. Aвтобусот е сопственост на „Слобода превоз”, кој сообраќал на линија 45, соопшти ЈСП Скопје.

На терен веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, а увид направи и екипа на МВР. Нема повредени патници, ниту околни минувачи, причинета е само материјална штета на возилото.

Увид направи и Внатрешна контрола на ЈСП. Според изјавата на возачот, неколку минути пред 8 часот, тој се подготвувал да се вклучи на линија. Го запалил возилото, по што забележал чадење. Со противпожарен апарат се обидел да го изгаси огинот, но, тој за брзо време почнал да се шири.

Во меѓувреме на терен пристигнала и екипа на Бригадата за противпожарна заштита, која спречила пожарот да ескалира. Според првичните сознанија, причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација на автобусот.

Редакцијата на „360степени“ објави видео од инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави