На Тајланд денеска, првпат од 9 март, не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус.
Од почетокот на епидемијата во јануари заболени се 3.107 луѓе, починале 56 пациенти, а оздравеле 2.844 лица.
Владата и понатаму ги повикува граѓаните да ги применуваат сите мерки за заштита, да носат маски, да одржуваат хигиена и да ги почитуваат мерките за физичка дистанца.
Ризични области сè уште се Бангкок и околните провинции, како и југот на Тајланд.



