Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4,394.058 лица. Од нив починале 295.647, а оздравеле 1.636.843 луѓе.

– Трет ден по ред во Албанија само по четири новозаразени лица со Ковид-19. Во последното деноноќие тестирани се 246 сомнителни случаи а меѓу четворицата со позитивен резултат е и една бремена жена. Вкупниот број заразени лица е 880,од кои 686 или 78 отсто успеале да ја добијат битката со опасниот вирус. Сеуште активни се 161 но само 21 од нив е на болничко лекување а само еден пациент е на интензивна терапија. Повеќе од десет дена нема починати од болеста, бројката останува 31 кои боледувале и од други хронични болести. Од почетокот на епидемијата направени се 11.578 тестирања од нив 11.048 молекуларни и 530 серолошки тестови.

– Во изминатите 24 часа во Србија починаа две лица и регистрирани се 52 нови случаи на заболени со вирусот. Вкупно се починати 222 граѓани, а заболени се 10.295 лица од почеток на епидемијата.

Најнови податоци за епидемијата во Косово: Според последниот извештај на Институтот за јавно здравство на Косово, во земјата има 24 новозаболени и 14 лица кои се излекувани од Ковид-19. Вкупно заразени од коронавирусот, од појавата на епидемијата, се 919. Од нив, 671 се излекувани и 29 починале, со тоа што во вторникот немаше ниеден нов смртен случај. Моментално во Косово активни се 219 случаи. Вкупно досега се извршени 10.387 тестирања, од кои вчера 257.

-Бројот на смртни случаи во Шпанија се зголеми за 184 денеска, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден, кога имаше 176, соопшти Министерството за здравство.Вкупниот број на смртни случаи во Шпанија достигна 27.104. Бројот на случаи во кои е дијагностициран новиот коронавирус е 228.691, што е за 661 повеќе од вчера.

-Случаи на заразени со новиот коронавирус се потврдени за првпат во кампови во Јужен Судан каде што се сместени раселени од конфликтот, соопштија здравствените работници. Две лица биле заразени во кампот во главниот град Џуби, а едно во градот Бенти на север во државата. Здравствените експерти предупредуваат на потенцијалната опасност ако вирусот се шири во преполните кампови, каде живеат речиси 200.000 луѓе низ Јужен Судан.

-Британскиот премиер Борис Џонсон денеска објави дека починале 144 здравствени и 131 социјални работници, вкупно 275 лица чија смртност е поврзана со Ковид-19. Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Велика Британија досега е над 40.000, најголем број во Европа.

-Бројот на заразени со коронавирус во Финска се искачи на 6.054 – зголемување за 51 во последните 24 часа. Според последните податоци, во земјата има 275 смртни случаи.

-Тим на меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници” дојде во САД за првпат во историјата да им помогне на народот Навахо, чиј опстанок е сериозно загрозен од пандемијата на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави