Општина Аеродром интензивно работи на изградба на нови детски игралишта и уредување на нови зелени површини, со нова урбана опрема, клупи и канти за отпадоци.
Најмладите ќе можат да уживаат во новите детски катчиња на три локации, и тоа зад ТЦ „Бисер“, во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче и во Стар Аеродром зад ресторанот „Еквириблиум“.
Покрај новите, Општина Аеродром ги реконструира и постојните детски игралишта на неколку локации, и тоа, во новиот парк во Стар Аеродром, до кружниот тек кај поликлиниката „Јане Сандански“, во Реонски центар, зад ТЦ „Капитол“ кај трите бели кули, до училиштето „Ѓоргија Пулевски“, двете игралишта во Долно Лисиче пред Месната заедница и пред надвозникот, како и старото игралиште во Ново Лисиче зад комплексот Адора.