Во Хонгконг се регистрирани два случаи на инфекција преку локална трансмисија, за прв пат по 22 дена без ниту еден случај.
„По 22 дена без локален пренос, тоа се случи повторно денес. Ние сме многу загрижени“, се вели во изјавата.
Станува збор за 66-годишна баба и нејзината петгодишна внука, двете не живеат заедно.
Здравствените работници се обидуваат да ги следат нивните контакти, а нивните соседи ќе бидат тестирани.
Властите се загрижени дека овие случаи покажуваат „невидлив синџир на трансмисија“. Во Хонгконг се забележени вкупно 1.051 случај на инфекција од почетокот на пандемијата, а четири лица починале.
Додадоа и дека е потврден друг случај, но станува збор за лице кое дошло од Пакистан и кое прв пат било тестирано негативно на корона, но на вториот тест било позитивно, па затоа беше ставено во карантин.



