Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека бомбите на СДСМ сега може да се користат за уцени и закани на лицата кои биле прислушувани.
„Може да се види како функционирал лидерот на опозицијата во тоа време, во времето кога се обидуваше да бутне режим со пенкало како што ги манипулираше граѓаните. Се слушнаа неколку снимки кадешто јавно потврдува дека тие биле достапни за било кој член на СДСМ, биле достапни за луѓе со сомнителен бекграунд“, истакна Арсовски.