Демократската унија за интеграција е подготвена уште утре да излезе на избори, но до крај ќе ги почитуваат препораките на здравствените експерти, вели во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, министерот за економија и висок партиски член на ДУИ, Крешник Бектеши.
Како што кажа тој, нивната програма е готова, но ќе претрпи одредени промени во делот на економијата.
„Програмата на ДУИ е готова, треба да се прават промени особено во делот на економските и социјалните политики бидејќи знаеме дека во последните два месеца се променија економските индикатори на државата за 2020 година, а исто така и проекциите за 2021 година. Кога ќе се одреди датумот на изборите, во рамките на Секретаријатот за економија и финансии, ќе ги ревидираме сите податоци кои ги предвидовме во изборната програма за 2020 година и ќе им ја претставиме на граѓаните“, вели Бектеши.