Стотина граѓани вечерва повторно се собраа пред Центарот за безбедност во Никшиќ, а според пишувањата на црногорските медиуми, полицијата со штитови е поставена пред зградата.
Според локалните медиуми, на местото е пристигната интервентната полиција опремена за разбивање демонстрации.
Граѓаните скандираат „Не го даваме владиката“, „Милицијо наша мила не го слушајте веќе Мило“ и „Светињата мора да се одбрани“.
Тие ги скандираат и имињата на свештениците кои се во притвор и ги поздравуваат со аплауз.
Протестите во Црна Гора почнаа откако завчера беа уапсени српскиот епископ Јоаникије и осум свештеници на Српската православна црква за прекршување на препораките за заштита од коронавирус, откако беше одржана литија.
Во синоќешните немири во Никшиќ повредени се 22 полицајци. Полицијата употреби солзавец и шок бомба, а граѓаните фрлаа со камења кон полицајците. Упасени беа неколку граѓани