Во хотел во Киев, 50 сурогат бебиња си ги чекаат родителите од целиот свет (ВИДЕО)

Водечките светски медиуми известуваат за ситуацијата во главниот град на Украина, Киев, каде во еден хотел се наоѓаат речиси 50 новороденчиња.

Како што се наведува, во прашање се сурогат бебиња по кои родителите од Велика Британија, САД, Италија, Германија, Романија и други земји не можат да додјат зошто сега границите се затворени поради пандемијата од коронавирусот, јавува Дејли Мејл кој наведува дека сето ова изгледа како фабрика за бебиња.

Како што наведува весникот, родителите плаќале меѓу 5.745 и 57.365  фунти на агенцијата која им помагала околу сурогат мајчинството.

За бебињата се грижи персонал, но сликите го алармираа омбудсманот за човекови права во украинскиот парламент Људмила Денисова.

 

Треба да знаете
Последни објави