Мицкоски: Владата задоцни со мерките за помош на стопанството, сега е доцна за мерки, ни треба стратегија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешнато издание на емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија, истакна дека владата задоцнила со мерките за стопанството, сега е доцна за тие мерки, сега ни е потребна стратегија.

-Задоцнивме многу со сетот на мерки, сега нам веќе мерки не ни требаат, сега нам ни треба стратегија, затоа што мерките требаше да се донесат до сега, за да можеме да застанеме на нозе кога сето ова ќе помине, за да може да поделите плата вие треба да имате приход, ако приходите се намалени, прашање е како ќе поделите плата, такви се илјадници, истакна Мицкоски.

Мицкоски рече дека ќе имаме проблем како да поделиме личен доход, катастрофални се параметрите во економијата од она блескаме кое што го слушавме во март до одење во апокалипска или бездна, со најцрните сценарија каде се лиферуваа потребни цифри.

-Времето на мерки требаше да се искористи до сега, сега од јуни месец нам ни треба стратегија како да излеземе од целата оваа ситуација, јас тоа не го гледам, од оние информации коишто ги добивам повторно јавноста ќе очекува сет намерки кои ќе имаат за цел обид за брутален поткуп на гласачите кои ќе треба да заборават на сите оние фаули коишто ги правеше Зоран Заев целиов изминат период, вели Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави