Пелоси предложи 3 илјади милијарди долари помош во борбата против коронавирусот

Претседателката на претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси предложи неверојатна бројка од три илјади милијарди долари пакет помош, што Демократската страна смета дека е потребно за соочување со „лошиот вирус“ и со економскиот колапс.

„Американскиот народ тоа го заслужува“ рекла Пелоси.

Таа признала дека предлогот е почетна точка во преговорите со претседателот Доналд Трамп и Републиканците, кои одлучно го
отфрлиле нацрт законот за олеснување, за кој требало да се гласа утре.

„Ништо од тоа, тоа е мртвороденче“ рекол Трамп за време на настан во Белата куќа.

Претставникот на Федералните резерви, Џером Пауел, предупредил дека без интервенција, САД ризикуваат долготрајна рецесија. Претставниците на Домовите би требало да се вратат утре во Вашингтон на гласање, но во Сенатот велат дека нема да разгледуваат уште еден пакет помош до јуни.

Трамп инсистираше на тоа секоја идна помош во врска со коронавирусот мора да даде приоритет на здравјето на Американците и на економскиот просперитет на земјата, на Твитер објави портпаролката на Белата куќа, Кејли Макенани. Таа го нарече предлогот на демократите „несериозен“.

Предлог законот предвидува речиси една милијарда долари за спасување на отпуштените полицајци, пожарникари и други неопходни работници, обезбедува уште еден круг од 1.200 долари директни парични исплати на Американците, опфаќа надомест за невработени и отвори фонд за хипотеки. Исто така предвидува и 75 милијарди долари за натамошно тестирање на вирусот.

Треба да знаете
Последни објави