Тестот на „Абот“ не идентификува речиси 50 отсто од позитивните случаи

Брзиот тест за откривање на новиот коронавирус произведен од „Абот лаборатории“ во одредени ситуации не идентификува речиси половина од позитивните случаи, покажува извештајот на „Хил“.

Студијата, која не е верификувана и е пред објавување, откри дека тестовите „ID NOW“ на „Абот“, кои даваат резултати за помалку од 15 минути, пропуштаат повеќе од 48 отсто од позитивните случаи кај примероци земени со суви носни стапчиња.

Една третина од примероците тестирани со тестот на „Абот“, собрани од брис земен подлабоко во носот, не биле идентификувани како позитивни, се наведува во анализата на „NYU“. Истите примероци добија позитивно читање од ривалскиот тест од „Цефеид“.

Од „Абот“ ги отфрлија резултатите од студијата студијата.

„Резултатите од студијата на „NYU“ не се конзистентни со другите студии. Имаме многу прашања за авторите на студијата“, рече портпаролот на „Абот“, Скот Стофел во изјавата за „Њујорк пост“.

Стофел ја наведе неодамнешната студија од државата Вашингстон, каде тестот на „Абот“ точно регистрирал 91 отсто од позитивни случаи во примерок од 1.000 субјекти.

Белата куќа го користи тестот „Абот“ кај луѓето кои можат да стапат во близок контакт со претседателот Трамп, се вели во извештајот.

Треба да знаете
Последни објави