Трамп смета дека е неприфатливо предупредувањето на главниот американски епидемиолог

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека предупредувањето на водечкиот експерт за заразни болести во САД е неприфатливо.

Д-р Ентони Фаучи, кој од почетокот на кризата беше во стожерот на Белата куќа за борба против коронавирусот, предупреди дека предвременото отворање на држави во земјата може да доведе до сериозни последици.

„Ако ги прескокнеме контролните пунктови, ризикуваме повеќекратно повторување на инфекцијата низ целата земја. Ова не само што ќе резултира во непотребно страдање и смрт, туку, всушност, ќе нè уназади при враќањето во нормала“, предупреди Фаучи.

Фаучи додаде дека не смета дека училиштата ќе можат да се отворат до есен и не верува дека вакцината дотогаш ќе стигне на пазарот.

„Видете, тој сака да ги задоволи сите страни. Јас сум изненаден од неговиот одговор, искрено, за мене тоа е неприфатливо, особено неговото мислење за отворање училишта. Само за професорите и наставниците би било прифатливо да добијат уште неколку недели пред да се вратат, бидејќи оваа болест напаѓа стари и хронично болни“, рече Трамп.

Тој истакна дека ситуацијата околу децата е различна и дека нема потреба за загриженост.

„Кога гледаме во статистиката околу студентите и децата, бројките се неверојатни“, рече Трамп и изрази поддршка за гувернерите кои одат кон повторно отворање и ги критикуваше оние кои сè уште имаат рестриктивни мерки.

Треба да знаете
Последни објави