Актерот Ник Кордеро (41), чија нога му беше ампутирана поради коронавирусот и кој заврши на респиратор, се разбуди од кома по речиси еден месец.
Среќната вест ја соопшти неговата сопруга Аманда Клотс на „Инстаграм“ објавувајќи фотографија на која го бакнува нивниот син Елвис.
„Бев многу возбудена. Докторот ми рече денес дека Ник се разбудил. Не можев да верувам“, рече таа за „Ењуз“.
Аманда откри дека актерот сè уште е многу слаб и одвај може да ги отвори очите.
„Конечно, изгледа дека ќе биде добро, но сепак не сакам да гледам премногу напред бидејќи ова е навистина непредвидлива ситуација“, додаде таа.
Аманда зборуваше и за сè што се случувало во болницата. Таа рече дека лекарите требало да го реанимираат Ник и дека тој ја изгубил свеста. Неколку дена подоцна тие морале да му ја ампутираат ногата. Ова им овозможи на лекарите да се фокусираат на белите дробови и на срцето на Ник.
Актерот успешно закрепнува од операцијата, а Аманда рече дека се надевала на чудо секој ден. Нејзината желба беше Ник да закрепне пред средината на јуни за да може да присуствува на роденденската забава на синот.
Таа рече дека на Ник секој ден во болница му пуштала снимка со плачот на нивниот син за да го потсети зошто треба да издржи и да преживее.