Здравствените службеници во Англија го одобрија тестот за антитела за да откријат дали некое лице е заразено со коронавирус и можеби развило имунитет на болеста.
Досега, Англија не користела слични тестови затоа што официјалните лица сметале дека ниту еден не бил доволно сигурен. Владата неодамна потроши 16 милиони фунти на пакет слични тестови за кои беше утврдено дека не се доволно ефикасни.
Најновиот тест го изработи швајцарската фармацевтска компанија „Рош“, а „Би-би-си“ пишува дека ова е прв тест кој има сериозен потенцијал за ефикасност.
Соработник на „Би-би-си“ за здравствени прашања, Фергус Волш, вели дека сè уште е нејасно колку е присуството на антитела помага да се спречи идната инфекција и колку долго може да трае имунитетот.
Англискиот министер за здравство Едвард Аргар изјави дека новиот тест првично ќе се користи кај здравствените работници, но не е сигурно кога ќе започне тестирањето.
Професорот Џон ЊутОн, национален координатор на програмата за тестирање на коронавирус во Велика Британија, рече дека тоа е позитивен развој во борбата против пандемијата.
„Во принцип, ова може да ни овозможи да откриеме имунитет за идните инфекции.“
Луѓето задолжени за медицинските прописи во Европската Унија и во САД веќе го одобрија тестот на „Рош“.