Денеска во 12.00 часот со оддржување на првиот вебинар ќе започне со реализација проектот на тема „Регионалните безбедносни предизвици и новите државни актери за време и по кризата од пандемијата„ во организација на Факултетот за безбедност-Скопје во заедничка соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер„ од СР Германија како долгогодишни партнери во низа регионални проекти од сферата на безбедноста.
На првиот денешен вебинар на тема „Влијанието на пандемијата врз функционирањето на безбедносниот систем, јавните политики и надворешните односи во услови на вонредна и кризна состојба„ ќе говорат министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, Директорот на Фондацијата Конрад Аденауер Норберт Бекман, проф. д-р Марјан Ѓуровски Проректот на УКЛО и професор на Факултетот за безбедност-Скопје, проф. д-р Никола Дујовски Декан на Факултетот за безбедност-Скопје, проф. д-р Татјана Дронзина професор на Софискиот Универзитет и Стефан Сурлиќ од Факултетот за политички науки од Белград.
Проектот кој започнува да се реализира има за цел да понуди компаративна анализа на меките и тврдите мерки и други механизми, политиките и воопшто начинот на справување на овие земји од регионот со глобалната пандемија, да укаже на можностите и неопходноста од регионална соработка на полето на безбедноста и управувањето со кризи, како и да понуди анализа на геополитичките аспекти и делување во услови на глобална пандемија„ информира проф. д-р Марјан Ѓуровски кој е носител на регионалниот проект на Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата „Конрад Аденуаер„ од СР Германија. Покрај тоа Ѓуровски нагласува дека предмет на анализа ќе биде заканата од хибридни закани односно лажни вести во обид да се секуритизира прашањето кое во моментот е само здравствено со потенцијал да прерасне во безбедносната закана која ќе има последици и по економската безбедноста на секоја земја. Реализацијата на активностите од проектот се во насока на сензибилизирање на експертската јавност како и носителите на одлуки од областа на безбедноста, при што ќе бидат опфатени искуства и препораки од три земји во регионот, односно Северна Македонија, Бугарија и Србија.
Денес започнува проектот кој предвидува онлајн-експертски сесии, по две во месец мај и јуни, ќе се заокружи со издавање на публикација со препораки и заклучоци, изработена од страна на тројца експерти по безбедност од Северна Македонија, Србија и Бугарија.