Виена, главниот град на Австрија, на сите свои граѓани ќе им даде ваучери за посета на угостителските објекти, кои по двомесечна пауза повторно се отвораат. 950.000 домаќинства во градот ќе добијат ваучер од 50 евра, а домаќинствата со еден член – ваучер од 25 евра.
Ваучерите ќе може да се користат до крајот на септември годинава во сите ресторани и кафулиња што учествуваат во акцијата, а нема да важат само за алкохолни пијалоци.
Претседателот на Стопанската комора на Виена, Валтер Рук, смета дека ваучерите би можеле да го заживеат повторно угостителството.