Капките создадени од луѓе заразени со вирусот „Ковид-19“ за време на разговор, можат да останат во воздухот осум минути и потенцијално да предизвикаат нови инфекции, тврдат истражувачите од американскиот Институт за здравје при Универзитетот во Пенсилванија.
Научниците открија дека кога заразено лице зборува гласно една минута во затворен простор, може да создаде до 1.000 капки со новиот коронавирус, и тие можат да преживеат во воздухот осум минути, пренесува „Си-ен-ен“.
Истражувачите веруваат дека ова е доволно за да некој се зарази.
За да ги потврдат наодите, научниците извршиле експеримент во кој симулирале затворено, непроветрено воздушно опкружување и потоа користеле ласер за да видат што се случува со капките кога ќе излезат од устата.
Притоа се покажало дека големите капки се намалувале додека делумно испарувале и виселе во воздухот, а научниот тим заклучил дека во реалниот живот некое лице може да ги вдише и да се зарази.