ВМРО-ДПМНЕ: Заев го жртвува и здравјето на граѓаните само за да извлече политички бенефит

Соопштение до јавноста- реакција на прес конференцијата на Љупчо Николовски

 

 „Зоран Заев жртвува се за полесен пораз на претстојните избори. Заев не го интересира ниту здравјето на народот, ниту економијата. Владата предводена од СДСМ не успеа да го заштити здравјето на граѓаните, а за тоа говорат бројките на новозаболени. Нема ниту навремен скрининг на населението што е клучно за креирање на соодветни здравствени политики.

Владата предводена од СДСМ ниту во  делот на економијата не постапи соодветно и навремено. За тоа говори малиот број на правни субјекти кои ги користат мерките понудени од владата за справување со последиците од корона вирусот. За тоа говори бројката на отпуштени работници.

Заев би го жртвувал и здравјето на граѓаните, само за да извлече политички бенефит.

Јасно е дека на изборите ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, но изборите треба да се одржат кога ќе има соодветни услови, а не граѓаните да плаќаат со своето здравје и со своите животи.

Владата предводена од СДСМ е само пример како не треба да се работи, пример за погрешни политики.

Заев и СДСМ ја фрлија Македонија во хаос.

Треба да знаете
Последни објави