Соопштение до јавноста – реакција на Фејсбук статусот на Петре Шилегов и реакција на соопштението на Град Скопје
Вистината боли, а еве го и признанието на Петре Шилегов. Тревникот заедно со дрворедот ги чини скопјани над половина милион евра. Обична трева и неколку дрва – Половина милион евра. Ова го може само Петре Шилегов и СДСМ.
Додека фалат училишта, додека како влада не можат да изградат една болница, додека немаме градинки Шилегов реши да потроши над половина милион евра на трева и неколку дрва.
Петре Шилегов на дело покажа што значи грабеж со народни пари.