Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16 април истекува во сабота. Засега останува отворено прашањето дали ќе има ново продолжување.
Во спротивно, вонредната состојба поради коронавирусот, која првично беше прогласена на 18 март, по што беше донесена уште една одлука за нови 30 дена, ќе заврши в сабота.
Двете одлуки на претседателот Пендаровски за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.
Ако парламентарниот состав не беше распуштен Собранието, наместо претседателот Пендаровски ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.
Двете одлуки на шефот на државата за вонредна состојба беа осшпредни пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа з аповедување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост