Германско полициско куче открило голема пратка хашиш зад лажен ѕид во камион-ладилник во западниот дел на земјата, објавија претставници на царината во Есен.
Пратката од 132 килограми, за која полицијата соопшти дека е вредна 1,2 милиони евра, е откриена за време на контрола во близина на селото Ладберген меѓу градовите Оснабруек и Мунстер.
Кучето Рис ја открило дрогата додека цариниците го прегледувале натоварениот камион со полски регистарски таблички на автопатот.
Откако истовариле сè од камионот, цариниците откриле 37 пакувања хашиш, завиткани во алуминиумска фолија.
Возачот е уапсен.