Целта на клубот кој од август 2019 стана нов ракометен субјект во Првата лига, беше влез во Супер лигата преку квалитетен тренажен процес и професионален развој на младите играчи. Стратегијата до која се држи и работи РК “Голден Арт КЛ7” е афирмација на млади македонски талентирани играчи, која покажа резултати во досегашниот дел од првенството.
Со овој чекор напред и учество во најсилната домашна лига ќе се засили и досегашната обемна работа, но и мотив за постигнување на повисоки резултати. Со ангажманот на талентираните млади домашни играчи, максимална посветеност и работа покажавме дека може и мора да се даде можност на нашите ракометари.
РК КЛ7 во март се ребрендира и во Супер лигата ќе настапува со ново име РК “Голден Арт КЛ7”. Благодарение на најуспешната градежна компанијата во Македонија “Голден Арт”, се гради и овој клуб. Својата општествената одговорност во различни области “Голден Арт” ја покажува цели 15 години уште од своите почетоци, а во последните 5 години ја насочува и кон младите и спортот, како голем поддржувач на македонскиот ракомет. Со долгорочни цели поставени на здрави основи, дисциплина и континуирана професионална посветеност РК “Голден Арт КЛ7” продолжува во Суперлигата.
Да потсетиме, заради вонредната ситуација во светот а со тоа и во Македонија, РФМ беше приморан да го заврши првенството. При тоа одлучи да нема прогласување на шампион.
Сите посакуваме час поскоро животот да се нормализира и спортистите да се вратат онаму каде што припаѓаат, на терен во сала.