На 13.05.2020 во 11.00 часот во село Жидилово, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка, запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.М.(29) од Крива Паланка.
Во втомобилот како сопатници биле затекнати лицата Г.Ѓ. од Жидилово и Х.С. од Крива Паланка. При проверка полициските службеници констатирале неисправности на возилото, по што возачот не ги потпишал документите.
Притоа, од возилото излегол сопатникот Г.Ѓ. кој почнал да ги омаловажува полициските службеници и се јавил на ќерка му Ј.Ѓ. да донесе бензин.
Додека полициските службеници влегувале со службеното возило, дошла Ј.Ѓ., која донела шише со бензин, по што О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело.
Била повикана екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а лицата биле приведени со Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.