ДЗС со дронови бара исчезнато лице во Битолско

Вчера, 13.05.2020 по дојава дека во околината на Тумбе кафе и местото викано Сива вода исчезнато е лице на возраст од 85 години, тим на Дирекцијата за заштита и спасување, специјализиран за спасување од планина заедно со припадници на МВР рано изутрина отпочнаа акција за потрага по исчезнатото лице.

Дирекцијата за заштита и спасување покрај тимот за спасување од планина, во потрагата по исчезнатото лице вклучи и дронови. Акцијата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави