Дирекцијата за заштита и спасување прими донација од 6000 литри “MHS -50” еколошко средство за дезинфекција на улици

Денес, 14.05.2020, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски прими донација од 6000 литри “MHS -50” еколошко средство за дезинфекција на улици и јавни површини. Оваа донација е од фирмата Ozonway од Р. Србија заедно со сестринска фирма Ozonway во Р. С. Македонија. Во име на Владата на Р.С.Македонија, Премиерот г-дин Оливер Спасовски и во име на Дирекцијата за заштита и спасување се заблагодаруваме за донацијата и помошта во овие клучни моменти за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот.
Согласно насоките на Главниот координативен кризен штаб на Владата, овие средства ќе бидат распределени на општинските штабови кои ќе ги користат за дезинфекција на улиците и јавните површини.

Треба да знаете
Последни објави