Италијанските лекари предупредуваат дека 30 отсто од оздравените од коронавирус ќе имаат хронични последици

На десеттиот ден откако ги попуштија карантинските мерки во Италија, бројот на загинати од „Ковид-19“ е сè уште голем, 195 лица починаа во последните 24 часа, 888 се новозаболени, а во одделите за интензивна нега сè уште има 900 пациенти.

Лекарите кои ги лекуваат предупредуваат дека по оздравувањето, пациентите минуваат низ долг период на рехабилитација и дека околу 30 отсто остануваат хронично болни до крајот на животот.

Дури две недели по ублажувањето на карантинскиот режим, владиниот научен и технички комитет ќе може точно да утврди дали епидемијата е сè уште под контрола со ублажувањето на забраната.

Треба да знаете
Последни објави