Најновото истражување укажува на тоа дека вирусот „ковид-19“ најверојатно еволуирал природно, односно започнал од лилјак, а потоа се пренесувал на други животни сè додека не ги развие потребните мутации за да се префрли на луѓето и да започне глобална пандемија.
Во најновото истражување, научниците ја поддржаа оваа хипотеза со пронаоѓање на друг вид коронавирус во лилјак и забележувајќи специфични мутации кои вметнуваат генетски материјал во вирусните гени, пишува австралиското списание „Science Alert“.
Ваквите мутации, како што се наведува, покажуваат дека ваквите промени во гените, каде што се јавува еволуцијата на вирусот, многу лесно можат да се појават природно.
„Откако се појави ковид-19, постојат разни шпекулации дека вирусот е создаден во лабораторија“, рече микробиологот Вајфенг Ши од првиот медицински универзитет Шандонг.
„Поточно, некои рекоа дека вметнувањата во S1 / S2 изгледаат многу невообичаени и дека може да биде лабораториска манипулација. Нашата работа многу јасно покажува како вакви промени се случуваат во дивината, на природен начин“, рече тој…
Преземено од press24.mk