Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја посети долината Клајнвалцертал во провинцијата Форарлберг, и со тоа отпатува од Виена за прв пат од избувнувањето на епидемијата на коронавирус во Австрија.
Клајнвалцертал и припаѓа на провинцијата Форарлберг, но во долината може да се стигне по копнен пат само преку Германија, така што посетата носеше и порака, бидејќи жителите на тој дел од Австрија, која е квази-енклава, особено со нетрпение го очекуваат отворањето на границите со Германија.
„Драго ми е што ви носам добра вест“, им порача Курц на граѓаните.
Тој пренесе дека се договорени одредени олеснувања, а добрата вест е дека од 15 јуни граничната контрола кон Германија и Швајцарија ќе биде целосно укината.
Курц е првиот австриски канцелар што го посети Клајнвалцертал по поранешниот канцелар Бруно Крајски, кој престојуваше во таа долина уште во 1973 година.