На 13.05.20202 во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.45 часот на паркинг на бул.„Крсте Петков Мисирков“ во Скопје, Е.И.(24) од Скопје испукал во воздух неколку куршуми од огнено оружје.
Според пријавеното, настанот се случил по претходна расправија на Е.И. со Р.„Н“., во врска со наплата за паркинг услуга.
Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.