Најмалку 46 лица починале во мексиканските држави Морелос и Пуебла поради отровен алкохолен пијалак.
Светските медиуми пренесуваат дека полицијата ги бара одговорните дење и ноќе, односно трагаат за изворот на лош алкохол. Според најновите информации, 29 луѓе починале во Морелос, а 17 во Пуебла.
Масовното труење се случило за време на викенд, кога неколку десетици луѓе биле примени во болница поради проблеми по консумирање лош алкохол. Според отруените луѓе, некои купиле пијалак и пиеле за да го одбележат Денот на мајката, а некои велат дека го пиеле на еден од погребите.
Мексиканските власти апелираа до граѓаните на тие земји да побараат медицинска помош доколку почувствуваат симптоми како што се главоболка или болки во стомакот, по земањето на отровниот пијалак.