Тие објавија видео, а потоа и фотографија од Шерон, на која веќе ѝ се гледа трудничкото стомаче.
„Благодарам за љубовта што ни ја давате. Благодарни сме му на животот на овој прекрасен подарок“, напиша Џанлука во описот на објавената фотографија. Следбениците им честитаа во коментарите и им посакаа среќа во иднина.
Италијанскиот заводник веќе има ќерка, која ја доби во врската со својата поранешна партнерка уште во 2002 година. Тој стана познат во 2017 година благодарение на танцувачките видеа што ги објавуваше, кои бргу се раширија на социјалните мрежи.
Тогаш медиумите го поврзуваа со Шерон од Венецуела, а пред тоа беше во врска со супермоделот Џорџо Габриеле, која е всушност заслужна за првото објавување на неговите танцувачки видеа.
Џанлука има 52 години, но медиумите го нарекоа најсексапилниот дедо на светот поради неговата бела коса и брада. Тие се негов заштитен знак, како и многуте тетоважи со кои го украси своето тело. Тој претпочита да го поминува слободното време на луксузни дестинации во светот и сè додека Шерон не го освои неговото срце, тој секогаш беше во друштво на млади девојки.
Во неколку наврати се пишуваше дека има сериозни финансиски проблеми, но денес неговото богатство се проценува на речиси 350 милиони британски фунти.