Нигериските вооружени сили ослободиле над 70 заложници на Боко Харам

– Вооружените сили на Нигерија ослободија најмалку 72 заложници на радикалната група Боко Харам, пренесе агенцијата Ксинхуа.

Агенцијата потенцира дека заложниците, главно жени и деца, биле ослободени по завршувањето на неколкуте воени операции, што во последните 10 дена се спроведуваат во државата Борно, во североисточниот дел на Нигерија.

„За време на операциите војската успеала да ликвидира најмалку 18 припадници на групата, да им го одземе вооружувањето и да зароби помагачи на терористите”, се наведува во сооопштението на нигериската војска.

Радикалната исламистичка група Боко Харам, која е активна во Нигерија и околните држави, се залага против западниот модел на образование и инсистира во земјата да се воведе шеријатот. Исламистите стојат зад многубројни терористички напади, извршувани како одговор на воените операции против групата од страна на армиите на Нигерија, Чад и Камерун.

Треба да знаете
Последни објави