Нинџа добивал закани, бара помош од Рускоска!?

Александар Василевски Нинџа осуден за собраниските настани од 27 април,  се пожалил дека му се закануваат други осуденици за „крвавиот четврток“, па денеска бил на разговор со обвинителката Вилма Рускоска откако бил донесен од затворот во Штип, објави „Алфа“.

-Александар Василевски е повикан во Обвинителството да даде исказ откако преку Управата достави известување дека добивал закани од другите осуденици од 27 април,  велат од ОЈО за гонење организиран криминал за „Алфа“.

Според „Алфа“, извори од затворската Управа тврдат дека Нинџа во Обвинителството бил спроведен по барање на обвинителката Вилма Рускоска,  но не станувало збор за никакви закани.

Од друга страна, Нинџа е клучен сведок на обвинителството против организаторите на крвавиот четврток, а  за неколку дена ќе треба да се појави во судница да даде исказ.

Александар Василевски Нинџа е осуден на 8 години затвор, неговата казна е меѓу најниските од 33 цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Треба да знаете
Последни објави