Поранешниот фудбалер на германскиот фудбалски бундеслигаш Баерн, Јан Кирхоф, за тренинзите со хрватскиот интеранционалец Марио Манџукиќ, има лоши спомени. Како вели за него тие биле болка.
-Тренинг натпреварите против Манџукиќ беа ужас. Тој секогаш даваше максимум. Кога и да сакав да ја шутирам топката, тој ќе ми беше на нозе. Не само јас, тој ќе скокаше на сите одбрани, дури и на тренинзите не можеше да прифати пораз. Јас сум дефанзивец и тој ме следеше во чекор на секој тренинг. Беше многу тешко да тренирам со него. Тој физички би ве казнил, се присетува Кирхоф.
Во 2013 година Кирхоф се сметаше за голема германска надеж. Баерн го донесе во своите редови од Мајнц. Неговата кариера не тргна во посакуваната насока, па многу брзо Кирхоф го напушти Баерн. Во меѓувреме заврши во третолигашката конкуренција, во редовите на Уердинген, но времето поминато кај германскиот шампион се уште го памети, а токму Манџукиќ му е првата асоцијација.
-Се сеќавам на денот кога Пеп Гвардиола на еден тренинг му приближи на Манџукиќ и му рече да префрли во помала брзина и да не биде толку агресивен на тренинзите, открива 29-годишниот Кирхоф.