Приведени 37 лица кои не го почитувале полицискиот час, 50 граѓани добиле решенија за изолација

Во изминатото деноноќие, 42 лица не го почитувале полицискиот час, поради што, 37 од нив се приведени во полициска станица и казнети, а пак, 50 граѓани добиле решенија за изолација, додека, 19 потпишале изјава за самоизолација. За ова информираше министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, според кого, граѓаните се одговорни, совени и свесни за ситуацијата со коронавирусот и забрананите кои се на сила.

„По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 50 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката“, информираше Чулев.

Во државен карантин се спроведени 13 лица.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/a.116423386551131/158362385690564/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARD0b5OB-mymD7WoYoJCKh7UxY-M3ffqa5qpEUguEIFObezdx-0gf7gL0-EsHKUq3qAJ0BtFEGBr2val5SWl-xP4YtmlogR_sMoYHW1MeqVgqOFDDaadV-QINo0xhT2Vn5seUqOigN8HzfkeEqECgSfL-v9xxGvCKS2KeeWPSViktpzN7rkfBQ-Iqq6J-EEUe5W4mJhKCTNFpuLQJT8nU973xy1hPFPhyeRG7OTOtIgSdNK3BqvR_mDN8X0jhIzzPYUFWXekUy1wuTwOQT71NTm7b-59Wvj2czouPE2M_k3_XFE8A5KyXamMR9ODrpt0iiLaAzN6nHnh2DxEc9hHn5s&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави