Приведен арачиновец, дома чувал „калашников“ и пиштол

На 14.05.2020, врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1, во координирана акција помеѓу Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со одрога и оружје при СВР Скопје, бил извршен претрес во домот на Б.Н. од с.Арачиново, скопско.

При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со една рамка со 29 куршуми, пиштол „Глок 19“ со три рамки и 63 куршуми калибар 9 мм.

Б.Н. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

 

 

Треба да знаете
Последни објави