Вчера, 13.05.2020 г. (среда), во Општина Бутел започна пролетната дератизација на целата нејзина територија. Всушност, ќе бидат дератизирани 1 200 шахти со по два мамци.
Во текот на вчерашниот ден дератизацијата почна од северниот дел на Општината кај местото викано Јазирски мост, а беше опфатена и н. Радишани. Во текот на денешниот ден дератизација се вршеше во: селото Радишани и Расадник. Во текот на утрешниот ден ќе бидат опфатени населбите: Бутел 1, и Љуботенски Пат, а во понеделник со дератизацијата ќе бидат опфатени: Бутел2, Скопје север и Визбегово.
Правецот на дератизација е од север кон југ заради поголема ефикасност во уништувањето на глодарите. Дератизацијата ја извршува Центарот за јавно здравје, Скопје, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.