Томислав Јагуриновски е новото засилување на сеуште актуелни европски шампион Вардар.
По доаѓањето на Михајло Михајловски, Вардар продолжува со градењето тим за наредната сезона.Откако Иван Чупиќ, играчот кој ја донесе првата европска титула на Вардар ја продолжи соработката, Вардар го официјализираше трансферот и на Томислав Јагуриновски од Металург.
Јагуриновски е доста интересен за македонските клубови и имаше неколку опции за продолжување на кариерата.Заинтересираност за неговите услуги имаше од Пролет, Вардар и новиот суперлигаш КЛ7, но сепак го одбра матичниот клуб Вардар.
Леворакиот играч кој може да покрие и на десен бек и десно крило со Вардар потпиша договор на три сезони.