Пејачката Ријана дебитира на трето место на листата на најбогати музичари во Велика Британија што ја составува “Сандеј тајмс“ (Sunday Times Rich List).
Богатството на Ријана списанието го проценило на 468 милиони фунти (810 милиони долари), делумно благодарение на успехот на нејзината модни и козметички брендови со сопственикот на Луј Витон LVMH.
Поп ѕвездата (32), родена во Барбадос а сега живее во Лондон, ги прескокна некои од најпознатите британски музичари како Мик Џегер и Кит Ричардс од „Ролинг Стоунс“, Елтон Џон, Род Стјуарт на листата на најбогатите музичари во Британија.
Композиторот Ендрју Лојд Вебер и поранешниот Битлс, Пол Мекартни, се на врвот на листата со 800 милиони фунти секој.
Позната по својот одважен, живописен изглед на црвениот тепих, Ријана станува сè повеќе влијателна сила во светот на модата, како и во музиката со осум хит албуми, оценува списанието.
“Ријана ја карактеризира сеизмичката промена што ја видовме во листата на најбогати во последнава година.“
Ед Ширан е на врвот на најбогатите млади музичари во Велика Британија (на возраст од или до 30 години) со богатство од 200 милиони фунти.