СДСМ смета дека не треба да има митинзи за време на кампањата и партијата најавува дека собири од таков тип нема да организира.
Во делот на водење кампања и претставување на кандидатите и програмата, најголем фокус ќе се стави на медиумското претставување, онлајн видео настани и друг тип на дигитална комуникација. СДСМ смета дека единствено може да се разгледа можноста за организирање мали средби под строго утврдени услови, исклучиво според протоколите донесени од здравствените институции за заштита на граѓаните.