Северна Кореја ја унапредува својата нуклеарна воена програма

Според проценките на меѓународната организација за укинување на нуклеарното оружје, Северна Кореја минатата година потрошила околу 620 милиони долари на својата програма за нуклеарно оружје, јави агенцијата Јонхап.

Како што соопшти организацијата, Северна Кореја во 2009 година потрошила околу 35 проценти од својот БДП на вооружените сили, додека во 2011 година издвоила шест отсто од својот воен буџет за нуклеарната програма.

Се проценува дека Пјонгјанг има 35 нуклеарни боеви глави и дека е во процес на правење ракетни носачи за нуклеарни ракети што можат да бидат истрелани од земја и од подморници.

САД трошат најмногу пари за нуклеарната програма, околу 35,5 милијарди долари годишно, а потоа следат Кина со 10,4 милијарди и Велика Британија со 8,9 милијарди долари.

Во 2019 година во светот за нуклеарно оружје се потрошени вкупно 72,9 милијарди долари, односно 7,1 милијарди повеќе отколку во 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави