Чиле воведува задолжителeн карантин за 6,5 милиони луѓе

Чилеанската влада ги објави плановите за досега најстрогите мерки на затворање, со задолжителен карантин за целата зона на Сантијаго, што е област со население од 6,5 милиони луѓе, пренесува „Гардијан“.

„Битката за Сантијаго е клучна во војната против коронавирусот“, рече министерот за здравство, Хаиме Маналик, најавувајќи ги мерките.

Овој потег следува по 2.660 потврдени случаи во последните 24 часа, што претставува зголемување од 60 проценти во однос на претходниот ден, што доведе до вкупно 34.381 заразени. Чиле моментно е на третото место во Јужна Америка по бројот на заразени, а 346 луѓе починале во земјата.

Здравствените работници повикуваат на целосно затворање на Сантијаго од март, но Министерството за здравство тврди дека стратегијата ги задржала случаите под контрола, спречувајќи го економскиот пад на градот.

Додека бројот на нови случаи надвор од Сантијаго опаѓа, мерките за делумно затворање се покажаа како неуспешни во главниот град, каде што се концентрирани 85% од новите случаи

Треба да знаете
Последни објави