Директорот на Фиорентина заразил девет членови на семејството

Италјанскиот фудбалски калчолигаш Фиорентина пред неколку дена потврди дека има во своите редови шест лица заразени со ковид-19, а меѓу нив бил и спортскиот директор Даниеле Праде. Директорот на „виолетовите“ Праде вирусот го однел и дома, каде инфицирал девет членови на своето семејство, меѓу кои и сопругата и ќерката.

-Несвесно заразив девет членови на семејството, вклучувајќи ги и мојата сопруга и нејзините родители, мојата ќерка и уште неколку роднини. Најмногу се плашев за родителите на мојата сопруга. Тие се бореа за нивниот живот триесетина дена, но, за среќа, се заврши добро, истакна Праде.

Иако при првиот бран тестирања во Серија А се појавија нови случаи во пресрет на враќањето на групните тренинзи, одлуката останува сезоната да продолжи на 13 јуни, а екипите од 18 мај да почнат групно да тренираат.

Треба да знаете
Последни објави