Акционерите на „Макпетрол“ Скопје ќе добијат по 2.000 денари бруто дивиденда по акција. Компанијата планира за таа намена да потроши вкупно 202.758.000 денари бруто (3.296.878 евра).
Одлуката за распределба на дивидендата треба да донесе собранието на акционери закажано за 20 јуни, соопшти компанијата преку Македонска берза.
Предлог одлуката за поделба на дивидендата за 2019 година треба да биде донесена на престојната седница на Собранието на Макпетрол АД, која е закажана на 20 јуни годинава.
Инаку друшвото во 2019 година оствари добивка во вкупен износ од 878.150.912 денари, а акумулираната добивка изнесува 393.088.984 денари, односно вкупно 1.271.239.896 денари.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 17 јули, а прв ден на тргување со право на дивиденда е 20 јули. Дивидендата ќе биде исплатена на 30 септември 2020 година.