Манчевски: Ефикасно ја менаџиравме здравствената криза, обезбедивме добри економски мерки за поддршка на граѓаните и фирмите

Нашата држава добро ја изменаџира здравствената криза, ефикасно и навремено реагираше во заштита на здравјето на граѓаните. Обезбедивме пакет економски мерки за работниците и за стопанството. Затоа поддршката и довербата на граѓаните е толку висока, оцени потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, во вечерашната емисија „Само Вистина”.
-Околу 23 860 компании поднеле барање за плата од 14.500 денари за приватните компании, во сетот Ковид 2 кој обезбедува бескаматни кредити има 4.300 апликации од мали и средни претпријатија. Тоа значи дека мерките се добро димензионирани.  Додека пак во сетот на трет, нови економски мерки се обезбедени пари за граѓаните, за купување домашни производи и за користење на капацитетеи на домашните туристички и угостителски објекти за да се зголеми јавната потрошувачка.  Ќе се интензивираат голем број на инфраструктурни прокети за да се врати економијата во функција и да се трансформира, нагласи Манчевски.
Треба да знаете
Последни објави