,,Зоран Заев на лидерската средба зборуваше за можни датуми за избори, а не за здравјето на граѓаните” рече Христијан Мицкоски на вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма.
-Предложив алгоритам во неколку чекори. На лидерската средба Зоран Заев почна да лиферува со датуми, додека сите останати зборуваа за здравјето на граѓаните. Велеше на 14 јуни, па дури потоа збореше за комисијата за заразни болести доколку одобри, што предизвика вчудоневиденост кај останатите. Сите беа вчудоневидени во услови на пандемија во вонредна состојба има соговорник на масата кој постојано лиферува датуми и сето тоа да потенцира еве јас дојдов подготвен имам аргументи.