Франција го повика венецуелскиот амбасадор во Париз да му изрази протест против третманот кон нејзината дипломатска резиденција во Каракас, во услови на тензии со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, јави дописникот на МИА.
-Франција ја изразува својата осуда за мерките преземени во последните денови што го поткопуваат нормалното функционирање на нашата дипломатска резиденција во Каракас, изјави помошник портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, тврдејќи дека овие мерки се „спротивни на Женевската конвенција за дипломатски односи “.
Од 2 мај се покренати филтрирачките пунктови на Себин (венецуелските разузнавачки служби), на влезот и на излезот од Руж де Каракас, каде се наоѓа резиденцијата на францускиот амбасадор, тврди извор близок до ова досие.
Резиденцијата на амбасадорот нема електрична енергија од 3 мај и мора да користи генератор. Исто така, нема вода и не може да ја активира пумпата заради недостаток на дизел гориво за напојување на пумпата, цистерните веќе немаат можност за пристап до улицата за да ја снабдат.
-Овој став беше искажан кога амбасадорот на Боливиската Република Венецуела во Франција беше повикан во Министерството за Европа и надворешни работи, додаде заменик портпаролот.
-Француските власти чекаат овие мерки да завршат без одложување со цел да се врати нормалното функционирање на нашата дипломатска резиденција, продолжи тој.
Европската унија го поддржува американскиот план за преодна влада во Венецуела без социјалистичкиот лидер Николас Мадуро и лидерот на опозицијата Хуан Гвааидо. Голем број на европски земји, меѓу кои и Франција, го признаа Хуан Гвааидо во 2019 година за привремен претседател на Венецуела.