Во Грција плажите се отвораат следниот викенд поради високите температури над 35 степени, што се очекуваат во наредните денови.
Одлуката на Комисијата за заразни болести во Грција се сметаше дека е потребна кога минатиот викенд се случи голема навалица на дивите плажи, кои беа достапни за граѓаните.
Од тие причини се отвораат организираните плажи во Грција, кои ќе почнат со работа од сабота во 8 часот, но под одредени услови: задолжително бележење на бројот на посетители и контролирање на влезот; максималниот број на капачи да е 40 лица на 1.000 метри; минималното растојание помеѓу чадорите да е 4 метри; мора да има максимум две лежалки под еден чадор, единствен исклучок ќе бидат семејствата; мензите и баровите на плажите ќе може да служат само спакувана храна, па затоа е забрането да се подготвува на самото место; забранети се продажба на алкохолни пијалаци, испорака на храна на плажа, нема седење во баровите на плажа, забрането е пуштање музика.
На плажите кои имаат простор без лежалки, при поставување крпи мора да се води сметка за растојанието.